На „Браќа Манаки“ герила за Иванов и Канческа Милевска
Членови на „Битолското движење“ вечерва организираа герила акција за претседателот на државата, Ѓорге Иванов и министерката за култура, Елизабета Канческа Милевска на отворањето на меѓународниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ во Битола.
Герилата акцијата беше изведена кога Иванов и министерката чекореа по црвениот тепих, а активистите на „Битолското движење“ извадија три транспаренти.
На транспарентот за Иванов пишуваше „Хорхе = банално зло“, на вториот наменет за министерката пишуваше „Веома врло културно“, а на третиот пишуваше „Маските долу“.
Активистите им довикуваа за да ги прочитаат пораките на транспарентите. По ова, Иванов помина на црвениот тепех, но не даде изјава.
„Браќа Манаки“ се отвора со премиерата на македонско-хрватско-финската копродукција „Ослободувањето на Скопје“, што е режисерско деби на славниот актер Раде Шербеџија и син му Данило.
