На Борисов не му се зборува многу за референдумот
Бојко Борисов даде само кус коментар на новинарско прашање по одржаниот референдум во неделата во Македонија.
Политичарите во Македонија самите треба да проценат на кој начин треба да одат напред, а ние сигурно ќе ги поддржиме, рече кусо бугарскиот премиер Бојко Борисов, осврнувајќи се на референдумот на 30-ти септември во Македонија.
"Секоја нација ја одредува својата судбина. Можеме само да кажеме дека ги поддржуваме нашите соседи на патот кон НАТО и ЕУ ", рече Борисов, додавајќи дека Бугарија не треба да се меша во внатрешните работи на Македонија.
Слично
