На Бјелина и се заканува поплава
На градот Бјелина во БИХ, му се заканува поплава поради високиот водостој на реките.
Од градот ги опоменаа сите граѓани кои живеат во близина на речните корита, да ги тргнат материјалните добра кои можат да бидат поплавени. Алармантен е водостојот на реките Сава и Дрина. Во местото Орубица се поплавени 12 објекти, а 4 куќи се отсечени во Бајинци.
Во Градишци водостојот на Сава е 763 цм, а во Рачи истата река имаше водостој од 838 цм. Малите реки во Бјелина се во граници на нормалата. Градските власти ја следат состојбата, а граѓаните кои се близу реките се должни да преземат мерки за самозаштита.
Во текот на денешниот ден поплави има во соседна Србија, каде се зафатени повеќе општини.
Слично
