На македонската берза има 14 компании – милијардери!
Агрегатната добивка на 11 од овие 14 компании за првите два квартали е 2,95 милијарди денари и е пониска за 270 милиони денари
Четиринаесет македонски компании за првата половина од годинава успеале да остварат приходи од продажба од најмалку една милијарда денари. Просечен дневен приход од продажба на стоки или услуги кој надминува 90.000 евра оствариле три домашни банки, две градежни компании, една телекомуникациска компанија, една тутунска компанија, две железарски и една фармацевтска компанија, две компании од нафтениот бизнис и една групација што нуди шпедитерски услуги и се занимава со хотелиерство и со производство на вина.
Анализата на „Фактор“ е направена врз основа на консолидирани извештаи што компаниите чии акции котираат на берзанска котација и на задолжителна котација ги објавиле досега на интернет страницата на Македонската берза за хартии од вредност, а се однесуваат на првото полугодие годинава.
Од листата на компании кои имаат приходи од продажба од барем една милијарда денари карактеристични се две работи: прво, тоа што истите компании имале приходи од барем една милијарда денари годинава и лани и второ што и приходите од продажба за првите шест месеци годинава на кумулативно ниво се пониски од тие што биле остварени во истиот период лани. Годинава кумулативно приходите биле 46,2 милијарди денари (околу 750 милиони евра), а истиот период лани биле повисоки за 10 отсто во споредба со годинава.
Сличен е соодносот и кога се споредува агрегатната добивка на овие компании. Таа изнесува 2,68 милијарди денари и е пониска за 9 отсто во споредба со истиот период лани. Десет од 14 рангирани компании оствариле добивки од работењето. Четири од нив и годинава и лани работеле со загуба. Тие се: ОКТА, „Макпетрол“, „Комерцијална банка“ и „Арчелор Митал (ЦРМ)“.
Најголема добивка за првото полугодие има „Стопанска банка Скопје“ во износ од 819,6 милиони денари, а очекувано најголем приход од продажба има рафинеријата ОКТА и тоа изнесува 9,9 милијарди денари.
Р.Ф.

Слично