Економија, финансии, бизнис

Контакт

НА БЕРЗА СВРТЕНИ 15 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ОКТОМВРИ: Кои се најголемите добитници?

НА БЕРЗА СВРТЕНИ 15 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ОКТОМВРИ: Кои се најголемите добитници?

Вкупен промет од над 930 милиони денари (15,1 милион евра) е остварен на Македонската берза во октомври годинава што е за дури 51 отсто повеќе споредено со претходниот месец. Прометот во класичното тргување се зголемил за над 13 отсто, но парите кои се свртеле низ блок трансакции пораснале за дури 380 отсто. Или во суми прометот во класично тргување е над 571 милион денари ( 9,3 милион евра), додека блок трансакциите тежат над 356 милиони денари ( 5,8 милиони евра).

Октомврискиот билтен на Македонска берза покажува дека ако се анализира бројот на трансакциите минатиот месец споредено со септември направени се помалку трансакции во класично тргување и покрај растот на прометот, додека бројот на блок трансакциите е удвоен.


Сите акции на компаниите на берза вредат 3,6 милијарди евра, а пазарната капитализација во октомври е зголемена за 3,5 проценти во споредба со септември годинава.

Најтргувани во октомври се акциите на Кoмерцијална банка, НЛБ Банка и Алкалоид.


Компаниите кои имаат најголем раст на акциите се Стопанска банка Битола, Тетекс Тетово, НЛБ Банка, Либерти Скопје и ТТК Банка.


Во октомври индексот МБИ 10 пораснал за 5,3 проценти.

А.Т.

Слично

Поврзани вести