На автопатот Скопје-Тетово мини бус и автомобил усмртија мечка
Вчера вечерта две патнички возила усмртија мечка на автопатот Скопје-Тетово откако удриле во неа.
Од незгодата се повредени и две лица, а се се одвивало нешто после 23 часот.
Мечката е прегазена на коловозот, поточно кај клучката за селото Групчин. Најнапред на неа налетал мини бусот марка „Ивеко“ со германски регистерски ознаки, а веднаш потоа во неа удрило „сеатлеон“, кое го управувал В. М. (35) од Скопје.
Не се знае како мечката се симнала толку ниско до автопатот.
Направен е увид на местото на незгодата, а мечката им е предадена на надлежните од МЗШВ.
Слично
