Економија, финансии, бизнис

Контакт

На автопатот кон Грција постојано ќе има Итна помош

На автопатот кон Грција постојано ќе има Итна помош

Возило на Итна помош и медицински персонал од денеска постојано ќе има на автопатот кон Грција.

Ова е со цел медицинската помош да биде што поблиску при евентуални сообраќајни несреќи, бидејќи има зголемена фреквенција во текот на летото. Возилото ќе дежура деноноќно, или на 113 километар од Скопје каде што е денеска, или кај бензинската станица кај Демир Капија.

„Оваа наредба од Министерството за здравство важи за месеците јули и август. На терен наизменично ќе дежураат екипи од службите за брза помош при здравствените домови од Штип, Велес, Кавадарци, Неготино, Валандово, Гевгелија и Струмица“ - вели доктор Антоан Паракеов, началник на Службата за итна медицинска помош при Здравствен дом Кавадарци.

Последните две години во летото на 113 километар од Скопје постојано дежураше возило на Брза помош. Смените ги држеа вработени од Итна медицинска помош од Кавадарци, Неготино и Валандово. Дежурството лани беше порано прекинато, заради ангажираноста на овие служби околу мигрантите во Гевгелија.

Слично

Поврзани вести