Економија, финансии, бизнис

Контакт

НА АВТОМОБИЛОТ ИМАЛЕ НАТПИС „КОСОВО Е СРБИЈA“: Kосовската полиција уапси три лица кај Високи Дечани

НА АВТОМОБИЛОТ ИМАЛЕ НАТПИС „КОСОВО Е СРБИЈA“: Kосовската полиција уапси три лица кај Високи Дечани

Кај манастирот Високи Дечани се уапсени три лица, затоа што на автомобилот им пишувало „Косово е Србија“.

Тие се задржани во притвор до 48 часа, бидејќи на возилото имале натпис „Косово е Србија“, соопшти регионалната дирекција на косовска полиција во Пеќ.

Портпаролот на косовска полиција за регионот на Пеќ, Фадиљ Гаши изјави дека се работи за автомобил со црногорски регистарски таблички.

Манастирот Високи Дечани денеска ја прослави славата на својот ктитор – Свети Стефан Дечански, а на литургијата присуствуваа неколку илјади верници, јавува Танјуг.

Инаку, директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија, Петар Петковиќ, денеска по повод почетокот на изградбата на уште една илегална полициска база кај мостот Бистрица во Лепосавиќ изјави дека албанските полицајци се наоѓаат на северот на АП Косово и Метохија незаконски и спротивно на договорите постигнати во рамките на дијалогот меѓу Белград и Приштина.

Слично

Поврзани вести