Економија, финансии, бизнис

Контакт

На аптека ќе и се намалат парите од Фондот дури и со 90 отсто исполнета квота

На аптека ќе и се намалат парите од Фондот дури и со 90 отсто исполнета квота

Фондот за здравствено осигурување ќе им ги намали средствата на аптеките за 10 отсто дури и ако тие обезбедат 90 отсто од квотата при снабдувањето на лекови на рецепт според најавените фер-услови за нивно обезбедување..

Според новиот правилник за доделување средства за лекови на рецепт што го донесе Управниот одбор на Фондот за здравствено осигурување, а кој започнува да важи од 1 јануари 2019-та, ќе се анализираат резултатите на секоја аптека како посебна единица во последните шест месеци. 

Според тоа, на оние кои имаат реализација на квота под 50% квотата им се намалува за 50%; за исполнета квота од 50% до 60% истата им се намалува за 40 отсто, 60% до 70% квотата им се намалува за 30 проценти; од 70% до 80% квотата им се редуцира за 20 отсто, од 80% до 90% квотата им се намалува за 10 отсто. .

Само на оние кои имаат реализација од 90 до 95 отсто од предвидените средства квотата не им се менува, а се наградуваат само аптеките со успех од 95 отстотна исполнетост на квотата.

Квотата за продажба на лекови на рецепти ќе трае подолго во месецот, вели Ден Дончев, директорот на Фондот..

„Голема веледрогерија имаше повеќе од 40% од квотите од конкурентите. Тоа создаваше нелојална конкуренција на пазарот. И затоа помалите аптеки не беа конкурентни и неможеа да набавуваат поголеми количини од лековите. Сега тоа е изедначено тоа за да нема доминантни позиции на пазарот“, изјави Дончев при своето последно телевизиско гостување.

Дефинираната скала може подеднакво да се зголемува или намалуваа во зависност од расположливите средства во Буџетот на Фондот.  Доколку една аптека ја искористи целосно квотата, истата може по истекот на 20-от ден во месецот да користи средства од преостанатата квота од друга аптека од недоисполнетиот фонд на истата фармацевтска компанија во една подрачна служба.

Околу 500 аптеки од вкупно 778 аптеки со кои Фондот има склучен договор, од нова година ќе добијат рамномерно зголемување на квотите за околу 20.000 денари месечно по аптека, а како што соопштија од Фондот, целта е повеќе да нема привилегии и „едно правно лице да добива и за 40 насто поголема месечна квота од просечната квота на сите останати аптеки во Република Македонија“. 

А.К.

Слично

Поврзани вести