На Apple и кога лошо му оди зема неверојатни 104% од профитот
Apple по повеќе од една деценија има пад на продажбата на смартфони и хардверски производи што допринесува за помал профит во однос на претходната година, но кога ќе се спореди со останатите производители и натаму е убедливо најуспешен со неверојатни 104% остварен профит во мобилната индустрија.
Ваквите бројки Apple ги постигна со доминација во премиум класата на смартфони каде одлично се продаваат iPhone моделите, тие имаат високи цени и ниски трошоци за производство што е идеално скроено според маркетиншкиот модел на компанијата.
Од друга страна Samsung кој повеќе години му беше најблизок конкурент на Apple годинава направи огромна утка со неуспешниот Galaxy Note 7 кој има проблематична батерија која предизвика повеќе експлозии и беше целосно повлечен од продажба. Недостигот на пазарот одлично го надомести Apple кој ги презема кориниците на Galaxy Note 7.
Таа празнина не ја искористија познатите брендови како LG, HTC, Sony и останатите и нивните продажби се незначителни, па така и профитот не е на високо ниво, а одредени брендови забележаа и големи загуби па токму затоа Apple има позитивен профит од дури 104% од пазарот на мобилни телефони.
