НА АМЕРИКАНЦИТЕ ИМ ПАДНА ТЕШКО: Возвратениот удар од Турција го сметаат за одмазда
Белата куќа го осудила тоа што Турција ги удвои тарифите на американскиот увоз како одговор на мерките на Вашингтон кон увозот на турската стока.
Односите меѓу двете земји, сојузници во НАТО, се затегнати откако Турција го уапси американскиот свештеник, наведува Ројтерс.
„Турските тарифи се секако за жалење и чекор во погрешен правец. Причината за тарифите кои САД ги воведоа на Турција беше наш национален безбедносен интерес. Нивните тарифи се воведени од одмазда“, рекла Сара Санадерс портпаролка на Белата куќа за новинарите.
Анкара во средата ги удвои тарифите на поедини американски производи, како патнички автомобили, алкохол и цигари како одговор на американските напади на турската економија.
Уредбата за зголемување на тарифите ја потпишал турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и тие подразбираат дека тарифите ќе се дуплираат така што за патничките возила ќе бидат 120 отсто, за алкохолни пијалоци 140 отсто и листови тутун на 60 отсто, а зголемувањето се однесува и на други производи, како козметички производи, ориз и јаглен, пренесе Ројтерс.
