Економија, финансии, бизнис

Контакт

На Ахмети му се допаѓа последниот предлог на Нимиц

На Ахмети му се допаѓа последниот предлог на Нимиц

Последниот предлог на медијаторот Метју Нимиц претставува добра основа за постигнување компромис, истакнал лидерот на ДУИ Али Ахмети на средба со Торбјорн Солстром, генералниот директор за политички прашања на Министерството за надворешни работи на Шведска и со шведскиот амбасадор во Македонија Матс Стафансон.

„Сега по завршувањето на изборите во Македонија и Грција, страните треба што е можно поскоро да седнат и да разговараат за оваа идеја. Секое задоцнување во реализирање на оваа идеја претставува опасност за земјата и регионот“, рекол Ахмети на средбата.

Ахмeти изразил уверување дека позитивниот пресврт во регионот може да се направи само со помош на меѓународната заедница како и со храброста на домашните политичари, бидејќи „се става во прашање стабилноста, безбедноста и економскиот развој на Македонија“.

Тој му се заблагодарил на шведскиот гостин за континуирана поддршка од 2002 година и истакнал дека сега е време за голем ангажман на меѓународната заедница во однос на постигнување решение за спорот со Грција. „Меѓународните пријатели и домашните политики не треба да дозволат да се вратиме назад и заедно треба да ја заштитиме нашата голема заедничка инвестиција во Македонија“, рекол Ахмети.

Од своја страна, Солстром ја поздравил посветеноста на Ахмети за интеграција на земјата во НАТО и ЕУ и оценил дека лидерот на ДУИ е „посветен Европеец“. „Шведска ќе се ангажира да помогне во процесот на интеграција на Македонија во евроатлантските структури и се надева дека ќе се постигне компромис со јужниот сосед што е можно поскоро“, рекол Солстром.

Двајцата разговарале и за последните избори во Македонија, како и за приоритетите на новата Влада.

Ахмети на грчкиот амбасадор му ветил дека ќе се заложи за решение за името
Слично

Поврзани вести