Економија, финансии, бизнис

Контакт

НА АДМИНИСТРАТИВЦИТЕ ИМ СЕ КРАТАТ МОБИЛКИТЕ - помал лимит, контроли, а со СМС ќе се известуваат кога „претерале“ со зборување

НА АДМИНИСТРАТИВЦИТЕ ИМ СЕ КРАТАТ МОБИЛКИТЕ - помал лимит, контроли, а со СМС ќе се известуваат кога „претерале“ со зборување

Една од владините мерки и препораки е консолидација на расходите за стоки и услуги и ниивно намалување за 20 отсто во однос на фискалната рамка за 2023 година. 

Во тие мерки се наведува дека вака може да се оствари заштеда до три милијарди денари, или околу 50 милиони евра.

Овие мерки имаат зададено и рок во кој ќе се спроведуваат, а тоа е шест месеци. 

Прво, треба да се планира буџетот за фискалната година и наредниот среднорочен период со цел намалување на непродуктивните расходи, и поефикасно користење на работра.

 Намалување на количината на искористена електрична енергија за 20 отсто споредено со истиот месец претходната година, под услов вработените во институциите од јавниот сектор да не работеле од дома.

Натаму, се бара намалување на расходите за телефони, преку рционализација на лицата кои поседуваат службени мобилни, усогласување на условите за користење службени телефони во институциите, како и намалување на лимитот за користење на службени мобилни телефони во однос на претходната година. Институциите од јавниот сектор јасно да ги отстранат можностите во понудите од страна на економските оператори да се тарифираат разговори веднаш по вклучен повик и слични опции, кои креираат трошоци, да се настојува разговорите меѓу вработените, особено во рамки на секоја институција да бидат со тарифа нула и задолжително да бидат вклучени известувањеа по СМС кога вработениот го надминува лимитот. 

Се бара и намалување на расходите за репрезентација за 20 отсто.

Н.Н.Ф. 

Слично

Поврзани вести