На 6 часа дневно да се скрати работното време
Ако се скрати работното време од 40 на 30 часа ќе придонесе за подобрување на семејниот живот, ќе ги зајакне врските со пријателите и ќе обезбеди благосостојба, велат економистите.
Доколку се применат и низа нови облици на дозволено отсуство од работа, ќе се намали и емисијата на штетни гасови.
Според книгата на истражувачката организација Нова економска фондација, скратувањето на работната недела може да се оствари со постепено воведување на промени на пазарот на труд.
Фирмите треба да ги поттикнат работниците да добиваат отсуство наместо да им се зголемува платата, додека помладите на почетокот на кариерата би работеле четири дена во неделата, што е модел кој веќе успешно функционира во Холандија.
Следејќи го примерот на Белгија, британската влада би требало да им овозможи на сите вработени да работат почесто и да им се зголеми минималната плата.
Германија, Белгија и Холандија покажаа дека е возможно да се спроведат такви измени, без да и’ се нанесат штети на економијата. Како што се оценува, намалувањето на работната недела ќе го намали притисокот врз сите, посебно врз жените, што ќе обезбеди рамноправност меѓу половите.
Слично
