Економија, финансии, бизнис

Контакт

НА 40 ПУНТКОВИ СЕ ВАКЦИНИРААТ ЦРНОГОРЦИТЕ: Старт на имунизацијата со Спутник V

НА 40 ПУНТКОВИ СЕ ВАКЦИНИРААТ ЦРНОГОРЦИТЕ: Старт на имунизацијата со Спутник V

Во Црна Гора почнува имунизацијата на населението против корона вирусот со вакцината од рускиот производител, односно со Спутник V, за што има одобрување од страна на Институтот за лекови и медицински средства.

Н1 Инфо наведува дека вакцинацијата ќе се спроведува на 40 пунктови во целата земја, од кои 6 ќе бидат лоцирани во Подгорица, главниот град на Црна Гора.

Имунизацијата на населението и тука започнува со приоритетните групи граѓани, медицинскиот кадар и возрасната популација.

Во 18 здравствени домови, граѓаните ќе се вакцинираат на 30-тина пункта, односно во Бар ќе има три или четири вакцинални пунктови, додека во Улцињ два.

Во општите болници ќе се вакцинираат здравствените работници, а подоцна владата на Црна Гора најави отворање на повеќе пунктови за непречена масовна вакцинација на останатите граѓани. 

Foto: Miloš Vujović - Anadolu Agency

Слично

Поврзани вести