На 40 години добил отказ и почнал бизнис
По 18 години работа како проектант и технолог за електро опрема во автомобилска индустрија, во 2011 година Владимир Арнаутовиќ од Србија останал без работа и морал да почне свој бизнис.
Тој вели дека имал 40 години, и поради потребата да преживее и да обезбеди егзистенција дал максимум од себе. Го основал интернет сервисот Tender5.net.
„Кога помина шокот и кога сфатив дека сум препуштен на себе и на своите одлуки за иднината, прво што направив беше разговор во кругот на семејството. Ги дефинирав целите и приоритетите во наредниот период. Најважно ми беше да не ме фати паника или да не се обесхрабрам. Одлучив да не скокам од фирма на фирма и да создадам свој бизнис“ - вели тој.
Имал многу идеи, но решил да се дообразува во програмирање.
Следната година го отворил Tender 5.
За овој бизнис се консултирал со брат му кој живее во Франција, и поентата на сајтот е да најде мајстори од различни дејности онаму каде е потребно.
Сепак, овој човек вели дека условите за бизнис во земјата не се на завидно ниво и има многу проблеми.
Во неговиот систем се регистрирани 17% од градежните фирми во Србија.
