На 22 месецов во Тирана ќе бидат потпишани договори и меморандуми во рамки на „Отворен Балкан“
На 128-та седница на Владата, донесени се повеќе одлуки и заклучоци за договорите и меморандумите што ќе бидат потпишани на претстојната сесија на „Отворен Балкан“ во Тирана.
Тие бидат потпишани на претстојната сесија на иницијативата „Отворен Балкан“ којашто е предвидено да се одржи на 22 декември во Тирана, а коишто се однесуваат на остварување на можноста за пристап до пазарот на труд во Северна Македонија, Албанија и Србија, како и на соработката на царинските и фитосанитарните управи на овие земји.
На оваа седница на Владата е разгледана информацијата и е утврден текстот на Спогодбата помеѓу Претседателот на Владата на Република Северна Македонија и Претседателот на Владата на Република Албанија и Претседателот на Република Србија за соработка во областа на ветеринарството, безбедноста на храна и фитосанитарната политика.
„Со донесување на оваа спогодба за соработка во областа на ветеринарството, безбедност на храна и фитосанитарната политика ќе се уредат формално-правните аспекти на ова прашање, и ќе се олесни трговијата со живи животни, храна и добиточна храна од животинско, неживотинско и мешано потекло, растенија, растителни производи и други објекти и предмети“, велат од Владата.
Владата денеска го разгледа и усвои Извештајот за усогласениот текст на Спогодбата помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Советот на министри на Република Албанија за взаемно признавање на одобренија за Овластен економски оператор за безбедност и сигурност (ОЕОС).
„Според оваа спогодба, воспоставувањето на соработка, заснована врз заеднички стандарди и взаемно признавање на резултатите од спроведените контроли, ќе претставува средство за олеснување на легалната трговија и ефикасно спречување на недозволената трговија и царинските неправилности во државите потписнички на Спогодбата, но и пошироко“, додаваат од Владата.
Преку спогодбата се добиваат повеќе придобивки како што се: полесен пристап до поедноставените царински постапки, приоритетен третман при спроведување на царинските контроли, намален број на физички и документарни контроли од царинските органи, избор на местото за контрола како и други директни и индиректни поволности.
„Сето ова треба да придонесе за: намалување на времето на спроведување на царинските постапки за стоките, намалување на трошоците за увоз и извоз, зголемување на конкурентноста и поголема интеграција на македонските компании на националниот, регионалните и европските пазари. На тој начин се зголемува нивниот деловен углед, како и нивната професионалност, претприемачки дух и финансиски капацитети“, велат од Владата.
Целта на взаемното признавање на статусот ОЕО, по спроведени верификациони мисии, значи дека Царинската управа на една земја ги признава резултатите од проверката на автентичноста и одобрување на статусот ОЕО издаден од царината на другата земја.
Македонија, Албанија и Србија се дел од иницијативата „Отворен Балкан“.
На оваа тема имаше јавни прозивики меѓу премиерот Зоран Заев и претседателот Стево Пендаровски.
