На 21 месецов истекува мандатот на Ушковски
Собранието на Република Македонија информира дека мандатот на претседателот на судскиот совет, Бранко Ушковски истекува на 21 април.
Оттаму ги демантираат написите во медиумите дека со распуштање на Парламентот, практично на Ушковски му е продолжен мандатот за 4 месеци.
„Да потсетиме дека Судскиот совет од своите членови потоа самостојно го бира претседателот на Советот. Врз основа на Законот за Судскиот совет на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија” број 60/2006 и 69/2006), на господин Бранко Ушковски на 21 април 2016 година му завршува мандатот а со тоа и функцијата во Судскиот совет на Република Македонија“- информира собраниската прес-служба.
Оттаму велат дека дел од медиумите и новинарите без да го читаат законот и без да побараат одговор од надлежните пласирале невистини.
