Економија, финансии, бизнис

Контакт

МВР реагира: За нас приоритет е реализација на проектите кои се избрани од граѓаните

МВР реагира: За нас приоритет е реализација на проектите кои се избрани од граѓаните
После пресот на опозицијата од Министерството за внатрешни работи излегоа со реакција: „МВР за разлика од СДСМ работи согласно претходно изготвена програма и планови за кои владата добила поддршка од граѓаните на избори. Нивното остварување зависи и од персоналниот капацитет, така што сосема логично е раководителите да направат проценка за персоналот кој им е неопходен за реализација на зацртаните проекти. За прв пат во историјата на Министерството е воспоставен системот на кариера и резултатите се очигледни за мнозинството граѓани кои ја поддржуваат сегашната политика. СДСМ во секое време може да изврши увид во програмата по која постапуваме и проектите кои ги подржаа граѓаните и кои мора да се остварат во предвидените рокови“ се вели во реакцијата .

Слично

Поврзани вести