МВР: Три кривични пријави за инцидентот во Кондово
МВР поднесе три кривични пријави за оружената престрелка во Кондово, во која повредени беа четири лица. Според полициските информации, инцидентот се случил заради меѓусебна нетрпеливост меѓу браќата Јакупи и Незири. Тие ќе одговараат за „тешки дела против општата сигурност“ и „предизвикување општа опасност“.
Иако и од ДУИ потврдија дека повредените биле активисти на оваа партија, за полицијата мотивот на престрелката не е политички.
Ова е полициската верзија на случувањата во Кондово:
На 24-10-2014 година околу 17:00 часот во село Кондово, поточно пред чајџилницата „Њу лајф“, со возило пристигнале браќата Незири, влегле во чајџилницата, каде биле браќата со кои и претходно имале расправии, по што ги повикале надвор за да ги расчистат меѓусебните недоразбирања. Кога излегле надвор меѓу нив веднаш почнала вербална расправија, а во еден момент сите извадиле пиштоли, испукувајќи повеќе проектили едни кон други. Од испуканите проектили браќата Ј.Ј. и З.Ј. се здобиле со тешки телесни поведи и со приватно возило се пренесени во ГОБ „8-МИ Септември“, а браќата Ќ.Н. и Ќ.Н. се упатиле во непознат правец, додека еден вработен во чајџилницата, кој се обидувал да ги смири, се здобил со телесни повреди и истиот со приватно возило е пренесен во ГОБ „8-МИ Септември“.
Браќата Јакупи се здобиле со тешки телесни повреди, а браќата Незири со телесни повреди во инцидентот, соопшти МВР.
Едниот од семејството Незири бил вработен во МВР и тој во инцидентот употребил службен пиштол. За ова посебна истрага против него отвори и Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди на МВР. Другиот од браќата Незири и еден од браќата Јакупи биле вработени во АРМ.
Слично
