Економија, финансии, бизнис

Контакт

МВР со апел да не се објавуваат снимки на „Јутјуб“

МВР со апел да не се објавуваат снимки на „Јутјуб“

Одговарајќи на новинарско прашање поставено од агенцијата Мета, портпаролот на МВР Иво Котевски вели дека МВР презема се што треба во однос на снимките кои што осамнуваат на каналот Јутјуб а се поврзани со премиерот Груевски и лидерот на опозицијата Зоран Заев.

Котевски изјавил дека МВР се придружува до апелот на Обвинителството, да не се објавуваат снимки на „Јутјуб“ кои можат да бидат искористени во понатамошна постапка.

– Постапуваме по сите наредби на Јавното обвинителство, се обративме до „Јутјуб“ и снимките беа тргнати. Но, најдобро е да си се јавите до „Јутјуб“ и да прашате. Тоа е приватна компанија и МВР нема надлежност над нив – вели Котевски на прашањето дали МВР побарало од „Јутјуб“ да ги тргне снимките од „тајните средби“ меѓу Груевски и Заев.

Слично

Поврзани вести