Економија, финансии, бизнис

Контакт

МВР се сомнева дека и полициски службеници соработувале со осомничените во „Чекан“

МВР се сомнева дека и полициски службеници соработувале со осомничените во „Чекан“
Министерството за внатрешни работи се сомнева дека во своите редови во гостиварската полиција има вработени кои соработувале со приведените во акцијата „Чекан“ и го прикривале криминалното делување. Токму поради овој сомнеж од МВР денеска најавија дека ќе отпочнат со проверка на службени лица за да се утврди дали постои некаква поврзаност. „Постјат индиции кои отвараат сомнеж дека службени лица им прогледувале низ прсти на сега приведените и осомничени лица и не постапувале согласно службените овластувања“, вели портпаролот на МВР, Иво Котевски. Во полициската акција „Чекан“, што беше спроведена минатата недела, беа приведени 15 лица, а по четворица меѓу кои и првоосомничениот во групата осомничена за тежок криминал, Фадил Арслани, се уште се трага. Меѓу осомничените кои се товарат за злосторничко здружување, лихварство, изнуда и фалсификување исправи се најдоа и адвокати и извршител од Скопје. Првоосомничениот Арслани  се уште се крие од полицијата. За некои медиуми тој изјави дека парите и имотот ги стекнал чесно со работа во странство а не од рекет и лихварство.
Слично

Поврзани вести