Економија, финансии, бизнис

Контакт

МВР се огласи после случајот на Богдановиќ

МВР се огласи после случајот на Богдановиќ

 „Веднаш по настанот едно од осомничените лица е пронајдено и приведено, а се работи за М.Д.(28) од Скопје. Од извршениот разговор со истиот како причина за физичкиот напад е наведена претходна расправија околу навивачки групи“, реагираат од МВР после прозивките кои портпаролот на опозицијата ги испрати до надлежните да се изјаснат со овој случај.

„Не е прв пат Социјалдемократскиот сојуз да се обиде најподло да манипулира, но јавноста заслужува да ја знае вистината.Таа во конкретниов случај вели дека, денеска околу 02.00 часот С.Б.(30) од Скопје, пријавил дека на 07.05.2015 година околу 23.50 часот на ул.Дане Крапчев“ при излегување од возило бил физички нападнат од две непознати маскирани лица, при што истите го удриле со тврд предмет и со тупаници по што го напуштиле местото.

Благодарение на брзата и совесна интервенција на полициски службеник кој не бил на должност, еден од напаѓачите веднаш е совладан и лишен од слобода, додека по вториот се трага.

Бидејќи Петре Шилегов по урнек на неговиот лидер презентира елементарно непознавање и непочитување на законската регулатива, Министерството мора да појасни дека не е во наша ингеренција да кажуваме кој е сторител. Тоа го прави судот по оценување на сите докази во судската постапка. Министерството има ингеренции да поднесе кривична пријава против осомничено лице. Се додека постапката е во оваа фаза, Министерството има обврска да внимава на пресумпцијата на невиност на осомничениот, за разлика од газењето по Уставот што го прави Шилегов.

Министерството за внатрешни работи јавно го повикува Шилегов, доколку има каква било информација или доказ за инволвираност и на некое од лицата кои ги наведува, истите да ги достави до најблиската полициска станица. Во спротивно ќе сметаме дека повторно станува збор за уште една срамна манипулација.

Министерството апелира, Социјалдемократскиот сојуз да престане со подгревање на атмосферата и да се огради од сите повици за инциденти и пресметки.“, стои во соопштението објавено на Министерството за внатрешни работи.

Да потсетиме ...

Синоќа е претепан претседателот на Општинската организација на СДСМ од Центар, Саша Богдановиќ, информираат од оваа партија.

Имено околу полноќ, во моментот кога Богдановиќ излегувал од својот автомобил, пред зградата во којашто престојува, две лица, со црни маски, веднаш го нападнале со метални шипки и го претепале.

Настанот се случил пред неколку очевидци и граѓани од околните згради.

Од нападот Богдановиќ се здобил со тешки телесни повреди. Поради сериозноста на повредите тој итно е пренесен во Ургентниот центар во Скопје кадешто му е укажана медицинска помош.

Слично

Поврзани вести