Економија, финансии, бизнис

Контакт

МВР: Речиси 40 кандидати за едно работно место

МВР: Речиси 40 кандидати за едно работно место
За 50 работни места за извршители со високо образование во Министерството за внатрешни работи се пријавиле вкупно 1.914 кандидати, или во просек дури 40-тина кандидати за една позиција. Интересот е најголем кај правниците - за осум места со завршен Правен факултет, од кои три со правосуден испит, се пријавиле дури 448 кандидати или во просек по 56 за едно работно место. Со Факултет за безбедност, за 10 позиции се пријавиле 500 кандидати. „За предвидените седум места со завршено образование од областа на информатичка  технологија, електроника, телекомуникации, автоматика или вештачка интелигенција, како и четири места со завршено образование од областа на телекомуникациите, конкурирале 209 заинтересирани. За предвидените 10 места со завршен ПМФ- насока хемија и биологија, конкурирале 224 кандидати. За предвидените две места со завршен ПМФ - насока физика, конкурирале 14 заинтересирани. За предвиденото едно место со завршен Машински факултет - насока моторни возила, конкурирале 29 заинтересирани. За предвидените осум места со завршен Економски факултет - насока банкарство и јавни финансии, конкурирале 412 заинтересирани. Со други факултети кои не беа предвидени во јавниот оглас се јавиле 78 лица“, информираат од МВР. Сепак, и овој број не е конечен заради можноста заинтересираните и по пошта да ги испраќаат своите документи во предвидениот рок. Во следниот период кандидатите треба да поминат низ темелна проверка - писмено тестирање (стручен, општообразовен тест), психолошки тест, интервју и здравствени прегледи.
Слично

Поврзани вести