МВР приведе 18 лица по немирите во Ѓорче Петров
Вкупно 18 лица се уапсени по синоќешните немири во Ѓорче Петров, кои се случучија во знак на протест и револт заради убиството на матурантот Ангел П., објави МВР.
Петмина од повредените се малолетници. Полицијата предупредува дека постојат сознанија оти за во попладневните часови денеска се организираат нови протести во Ѓорче Петров.
МВР го уапси осомничениот сторител на убиството. Се работи за 19-годишник кој и бил познат на полицијата поради кривични дела извршени во минатото. Ножот со кој е извршено убиството уште не е пронајден.
Убиството се случило по тепачка помеѓу сега покојниот Ангел и осомничениот за убиството. До тепачката дошло кога младиот Ангел се обидел да му го одземе на осомничениот велосипедот кој тој го украл од неговиот двор, а кражбата ја забележале тој и неговиот татко по што тргнале по крадците, соопшти министерката Гордана Јанкуловска.
Слично
