Економија, финансии, бизнис

Контакт

МВР презема мерки за оштетувањата од последниот протест на „Шарената револуција“

МВР презема мерки за оштетувањата од последниот протест на „Шарената револуција“

Министерството за внатрешни работи попладнево информира дека се преземаат мерки за оштетувањата направени во текот на завчерашниот протест што го организираше граѓанското здружение „Протестирам“.

Од полицијата тврдат дека оштетувањата на објектите на Министерството за правда и на Собранието на Република Македонија, како и на споменикот „Прометеј“ во паркот „Жена борец“ се фотографирани, а направени се и записници и фотоалбуми.

„Неколку од учесниците во протестот со фрлање бои и со употреба на разни предмети го оштетиле објектот на Министерството за правда. Скршиле и неколку стакла од прозорците. Потоа, толпата на граѓани се упатила кон Собранието на Република Македонија каде исто така дел од лицата со употреба на чатал фрлале балони наполнети со боја при што била оштетена фасадата. Околу 21.20 часот наспроти објектот на Собранието, во паркот „Жена борец“ дел од насобраните граѓани од споменикот ,,Прометеј“ ги тргнале платното и дрвените штици поставени на металното скеле околу и со употреба на бои и разни предмети го оштетиле, но биле спречени во натамошните постапки со интервенција од Единицата за брзо распоредување“ - соопшти МВР.

Протестот е снимен, преземени се видео материјали и фотографии од отворени извори на податоци (интернет) за што е сочинето ЦД со видео запис. Од страна на полициски службеници при СВР Скопје кои службено биле ангажирани за обезбедување на протестите, препознаени се неколку лица кои ги вршеле оштетувања на објектите.

За натамошна постапка, дополнително ќе бидат набавени видео записи од безбедносните камери поставени во непосредна близина на Министерството за правда, Собранието и  споменикот на „Прометеј“ за периодот од 18 до 22 часот кога, како што истакнува МВР, се извршени  оштетувањата.

Слично

Поврзани вести