МВР ПОТВРДИ: Во Сарај „играле“ 4 пиштоли, две лица се тешко повредени
Четири лица учествувале во вооружената престрелка во Кондово вчера, соопшти МВР. Оружениот инцидент се случил вчера попладне во чајџилница во ова село во општина Сарај, помеѓу лицата Ј.Ј. и З.Ј. од една страна и Ќ.Н. и К.Н. од друга страна, при што се испукани повеќе куршуми од огнено оружје-пиштоли.
Во престрелката четири лица се здобиле со повреди - три лица Ј.Ј., Ќ.Н. и М.М.се пренесени во Ургентен центар-Скопје каде кај едено лице се констатирани тешки телесни повреди, додека пак кај другите двајца телесни повреди. Четвртиот повреден З.Ј. е пренесен во ГОБ “8-ми септември” каде му е контатирана тешка телесна повреда, информира МВР.
„Веднаш по добиената пријава излезено е на местото на настанот извршен е увид при што биле подигнати повеќе докази. По целосно расчистување и документирање на настанот ќе бидат поднесени соодветни пријави“, стои во полицискиот билтен.
Претходно медиумите објавија дека пресметката се случила меѓу активисти на ДУИ кои припаѓале на спротивставените табори на пратеникот Рафиз Алити и поранешниот министер за правда Блерим Беџети.
Алити потврди дека се работи за активисти на ДУИ, но демантира дека ова е поводот, тврдејќи дека меѓу него и Беџети нема нетрпеливост.
РАФИЗ АЛИТИ: Престрелка во кафеана, а не во партиските простории на ДУИ
Слично
