Економија, финансии, бизнис

Контакт

МВР: Полицијата не употребила физичка сила врз гевгелиските таксисти

МВР: Полицијата не употребила физичка сила врз гевгелиските таксисти

 Од Министерството за внатрешни работи ги демантираат информациите дека денеска имало судир меѓу полицајците кои ја обезбедувале пругата  и таксистите кои протестираа во Гевгелија.

-Полицијата не употребила сила ниту пак имало потреба од такво нешто, кога им објасниле на таксистите дека треба да се тргнат од пругата тоа се случило - вели Деана Недељковиќ од одделението за информирање во МВР.

Од МВР велат дека и целиот настан го имаат документирано со снимка, но дополнително ќе проценат дали снимката ќе биде објавена во медиумите.

Според неофицијалните информации пак, еден таксист е повреден од туркањето во гужвата, а еден бил тепан од специјалните полициски сили, при што интервенирала и брзата помош.

На ова реагираа и од ФРОДЕМ и бараа одговорност за, како што велат, денешната прекумерната употреба на сила од страна на припадниците на МВР кон членовите на лиценцираните автотакси и автобуски превоз од Гевгелија.

Ова се случуваше на денешните протести на таксистите, кои револтирани поради непочитување на договорот кој го постигнаа завчера со Центарот за управување со кризи, демонстративно ја блокираа пругата кај Гевгелија.

Слично

Поврзани вести