МВР поднесе кривични пријави против демонстранти во Бутел
Кривични пријави ќе бидат поднесени против неколку лица кои на синоќешните протести во Бутел ги оштетија темелите на најавениот 55-метарски крст.
Ова го најави министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски и им оддаде признание на полицајците што беа на настаните, за тоа што, како што рече, професионално си ја извршувале својата задача.
Тој вели дека не се точни тврдењата дека полицијата не реагирале навреме, и смета дека најважно од се е да не се дозволи ескалација на ситуацијата.
„Ова време во Македонија е време во кое треба да се носат рационални и разумни одлуки, а не одлуки на ниво на емоции.. – Сметавме дека најважно од сè е да го зачуваме мирот и стабилноста и, пред сè, да не овозможиме да имаме ескалација на судирите. Најлесно е да го запалите огнот, меѓутоа најважно од сè е да не дозволиме да имаме ескалација на состојбите – изјави Спасовски.
Инаку, на денешните протести пред МВР голем број демонстранти, меѓу кои и функционери од општините на ВМРО-ДПМНЕ бараа одговорност и оставка од министерот Спасовски, кој наводно не ги спречил активистите на ДУИ да ги срушат темелите на крстот во Бутел и да постават камп.
Слично
