Економија, финансии, бизнис

Контакт

МВР поднесе кривична против лицето кое нападна граѓанин на скопскиот маратон

МВР поднесе кривична против лицето кое нападна граѓанин на скопскиот маратон

Од Министерството за внатрешни работи инфирмираат дека е поднесена кривична пријава а физички напад против С.С.

Имено, С.С во неделата за време на одржувањето на  скопскиот маратон нападна граѓанин кој држеше транспарент „Трчај како да ја носиш веста дека Грујо е во затвор!“.

Од МВР исто така велат дека е извршен разговор со  С.С. во присуство на адвокат и против него е поднесена прекршочна пријава.

Лицето кое беше нападнато е активист на Солидарност а на Скопскиот маратон од ова движење рекоа дека носат политички ангажиран транспарент за охрабрување и бодрење на маратонците.

„Транспарентот на нашите активисти со содржина „Трчај како да ја носиш веста дека Грујо е во затвор!“ го привлече вниманието на присутните и се рашири на социјалните мрежи. Но очигледно пораката погоди и нечиј нерв. Набргу по истакнувањето на транспарентот, нашите активисти беа насилно турнати на страна од непознати лица. Транспарентот беше одземен и искинат, а нашиот активист кој го носеше транспарентот беше физички нападнат. За среќа, инцидентот е документиран и прикажуваме како тој се одвиваше. Нападот е пријавен и во полиција. Повикуваме на сите оние кои имаат било каква информација за идентитетот на напаѓачите, да ја споделат со нас. Прашуваме: дали се работи за случајни силеџии, дали се обезбедување на маратонот, дали се тоа припадници на политичка структура, или пак можеби се службеници на „редот и мирот“ во цивилна облека? “ – велат од Солидарност.

Слично

Поврзани вести