Економија, финансии, бизнис

Контакт

МВР подготвува кривична за Заев – осомничен заедно со Верушевски?

МВР подготвува кривична за Заев – осомничен заедно со Верушевски?
МВР денеска ќе поднесе кривична пријава против лидерот на СДСМ Зоран Заев осомничен за насилство спрема претставник на највисоките државни органи, пренесува Алфа. Според досега прибавените докази во рамки на оперативната обработка „Пуч“ поранешниот директор на ДБК, Зоран Верушевски, неговата сопруга Соња Верушевска , функционер во локалната самоуправа во Струмица, Бранко Палифров и лидерот на СДСМ Заев, се осомничени дека преку употреба на незаконски средства на следење и шпиунирање со упатување на сериозни закани кон високи државни функционери сакале да извршат преврат и да изнудат разни услуги, пишува Алфа. Според МВР сузбиен е обид за загрозување на уставниот поредок и недемократско преземање на власта односно суспендирање на волјата на граѓаните.
Слично

Поврзани вести