Како што денеска соопшти МВР, на 26 вработени изречена им е мерка „писмено предупредување”, на еден вработен „отказ“, на двајца вработени мерка „откажување на договорот за вработување” и на пет вработени мерка „запирање на постапката“.
МВР „писмено предупреди“ 26 полициски службеници
МВР информира дека во текот на минатата недела по спроведена дисциплинска постапка, донесени се 34 решенија против 34 вработени во Министерството поради сторени повреди во работењето, согласно одредбите од член 206 став 1 точки 1, 2, 3 и 11 и член 207 став 1 и точки 4,8, 11 и 15 од Колективниот договор на МВР.
Притоа, на 26 вработени изречена им е мерка – „писмено предупредување”, на еден вработен мерка - “отказ“, на двајца вработени мерка - “откажување на договорот за вработување” и на пет вработени мерка – „запирање на постапката“, .
Слично
