Економија, финансии, бизнис

Контакт

МВР од вчера до денес издаде 2.165 барања за азил

МВР од вчера до денес издаде 2.165 барања за азил

Од вчера од 08,00 часот до денес  во 08,00 часот од МВР се издадени вкупно 2.165 барања за азил.

Од нив  1.309  се од машки пол, 303  се од женски, 446 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 107 деца кои патуваат без родител, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил, покажуваат податоците на МВР.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-1.788, Иран-116, Ирак-98, Авганистан – 66, Палестина-47, Пакистан-12, додека другите се во помал број.

Слично

Поврзани вести