МВР: Oд јуни до декември издадени 317.507 потврди за барање за азил
Во периодот од 00,00 до 24,00 часот на 07.12.2015 издадени се потврди на вкупно 3.851 странски државјани, од кои 1.595 се од машки пол, 756 се од женски, 1.264 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 236 деца кои патуваат без родител, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил, соопштуваат од МВР.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-1.622, Авганистан–1.148, Ирак-1.081.
Од јуни до декември се издадени вкупно 317.507 потврди на странски државјани, од кои, 179.658 се од машки пол, 50.637 се од женски, 69.889 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 17.323 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил. Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-185.121, потоа Авганистан-76.653, Ирак-34.292, Иран-6.231, Пакистан-5.416, Палестина-2.158, Сомалија-1.276, Бангладеш-1.253, Мароко-1.317, Конго-514, Алжир-453, Либан-434, Нигерија-279, додека останатите се во помал број.
