Економија, финансии, бизнис

Контакт

МВР: Наместо да застане во одбрана на јавниот ред и мир, СДСМ ја напаѓа полицијата!

МВР: Наместо да застане во одбрана на јавниот ред и мир, СДСМ ја напаѓа полицијата!
СДСМ во ниту еден момент не го осуди вандалското однесување на поединци кои вчера во Ѓорче Петров немаа намера мирно да протестираат и не се стави во одбрана на јавниот ред и мир - реагираше Министерството за внатрешни работи на пресконференцијата на која социјалдемократите побараа одговорност од власта за ескалацијата на немирите и употребата на насилство врз граѓаните кои демонстрираа. „Напротив цел на нападот на партијата, повторно беа професионалните полициски службеници кои ги ризикуваат своите животи за да не дозволат одреден број хулигани да успеат во своите намери за одмазда и дестабилизирање на состојбата“, стои во писмената реакција од МВР објавена попладнево. Според МВР, „благодарение на соодветната полициска интервенција, биле спречени поголеми нарушувања на јавниот ред и мир и несакани ескалирања на состојбата, како и прелевање на инцидентите во соседните општини“.
Слично

Поврзани вести