МВР ќе купува заштитна опрема без тендер
Министерството за внатрешни работи објави оглас за купување на заштитна опрема против корона вирусот без стандардна тендерска постапка. Од таму известуваат дека ситуацијата е итна и ги повикаа компаниите да аплицираат што е можно побргу.
„МВР согласно актуелната здравствена и безбедносна ситуација, како и непредвидливоста на идните настани, ќе има повремени потреби од итни набавки на заштитни средства (маски, ракавици, наочари, средства за дезинфекција и слично), кои ќе биде потребно да се набавуваат со постапка со преговарање без објавување на оглас од причини на крајна итност, согласно член 55 став 5 од ЗЈН, доколку директно се загрозени безбедноста, животот и здравјето на луѓето“, гласи денешното известување на МВР.
Сите економски оператори кои имаат можност да понудат некои од заштитните средства се повикуваат да достават е-маил на javni.nabavki@moi.gov.mk за да се достават покани до истите.
