Економија, финансии, бизнис

Контакт

МВР ќе го разгледа барањето на Јанева за дополнително обезбедување

МВР ќе го разгледа барањето на Јанева за дополнително обезбедување

Од Министерството за внатрешни работи ја потврдуваат информацијата дека Јавното обвинителство побарало дополнително обезбедување.

Имено, од СЈО е доставено барање до МВР за обезбедување полициски службеници кои ќе бидат ангажирани на физичко обезбедување на обвинителите при оваа институција.

Од министерството велат дека ќе го разгледаат ова барање на специјалното обвинителство и ќе му достават одговор на истото.

Специјалната обвинителка побарала зголемување на обезбедувањето поради високиот степен опасност по животот и личниот интегритет при вршењето на работните задачи во СЈО.

Слично

Поврзани вести