Економија, финансии, бизнис

Контакт

МВР ИЗДАВАЛO ЛАЖНИ ЛИЧНИ КАРТИ: Фалсификатите се користеле и на избори

МВР ИЗДАВАЛO ЛАЖНИ ЛИЧНИ КАРТИ: Фалсификатите се користеле и на избори

Само институции на државата ги имаат личните податоци на граѓаните, што потврдува дека МВР, издавало и печатело незаконски лични карти, а со тоа незаконски овозможиле лица што немале право на глас, да гласаат -  – ова го изјави денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, на прес-конференција посветена за аферата со фалсификувањето лични документи.

Министерот, како што рече, по случаен избор побарал да се проверат 20-тина лица за кои постоеле сомнежи за нивното живеалиште и како се нашле на избирачкиот список.

Потоа се увидело дека едно лице немало ниту лична карта, а се нашло на избирачкиот список, а на сите други 21 лице им се издадени лични карти без да имаат поднесено соодветна документација врз основа на која се издава личната карта.

"Да повторам, и овие лица без лична карта, и овие без решение за живеалиште постојат во Избирачкиот список и тие се претежно од Пустец, и гласале"  - изјави Спасовски.

Според сознанијата, најголем дел од лицата кои добиле лични карти се од Пустец, а им биле издадени непосредно пред локалните избори во 2013-та година, и со нив најверојатно се гласало во општина Центар.

Доколку се покаже дека во МВР е злоупотребена институцијата, Спасовски најави дека ќе има постапки и внатре во Министерството.

Слично

Поврзани вести