МВР: Изборите поминуваат во мирна и демократска атмосфера
Денешните избори досега протекуваат во мирна, фер и демократска атмосфера на целата територија на Република Македонија, информира портпаролот на МВР Иво Котевски на денешната прес-конференција.
Тој посочи дека на ниедно гласачко место не се регистрирани никакви проблеми.
„Нема никакви поплаки ниту од партиите, ниту од набљудувачите. Македонија денеска достоинствено спроведува демократски избори по европски стандарди“, рече Котевски и додаде дека очекуваат изборите да протечат мирно и до крајот на денот.
Слично
