Економија, финансии, бизнис

Контакт

МВР и УЈП во акција: Откриени незаконитости кај секој четврти контролиран продавач на огревно дрво!

МВР и УЈП во акција: Откриени незаконитости кај секој четврти контролиран продавач на огревно дрво!
МВР заедно со инспектори од Управата за јавни приходи, Државниот пазарен инспекторат, Државниот инспекторат за шумарство и ловство, Шумската полиција и Трудовата инспекција вчера спровеле координирана контрола во 232 објекти во кои се врши продажба на огревно дрво низ цела Македонија. Првично било планирано акцијата да се се спроведе во 241 објект, но 9 биле затворени. Притоа, Управата за јавни приходи констатирала непочитување на Законот за готовинско плаќање во 59 објекти (од кои најголем број во Велес - 11). За сите овие објекти се донесени решенија за затворање и се изречени глоби од по 3.250 евра (2.500 евра за правното и 750 за одговорното лице во правното лице) или во вкупна вредност од 191.750 евра. Во три складишта во Тетово, Струга и Гостивар е утврдено дека не се води дневен финасиски извештај за што се изречени 3 глоби во вкупен износ од 8.400 евра. Државниот пазарен инспекторат, пак, констатирал прекршување на Законот за трговија и Законот за метрологија и това во дури 83 случаи, при што биле изречени парични казни во вредност од 173.600 евра. При преземање на мерките затворени се 22 објекти – складишта за продажба на дрва, најмногу на подрачјето на Тетово – 8, Велес – 6, Струга – 5, Охрид – 2 и Струмица – 1. При спроведување на контролите одземени се вкупно 331,8 метри кубни нежигосано огревно дрво, од кои најмногу на подрачје на СВР Куманово - 117,2 метри кубни. МВР документираше едно кривично дело на подрачјето на Битола, а против еден сопственик на складиште на подрачјето на Велес ќе поднесе барање за поведување на прекршочна постапка.
Слично

Поврзани вести