МВР го расчистува криминалот во „Машино промет“ – Уапсен и претседателот на Советот на општина Центар?
Министерство за внатрешни работи презеде акција за расчистување на криминалот поврзан со фирмата „Машино промет“, која подолго време се наоѓа во стечај, односно за која е отворена претстечајна постапка, информира порталот Телеграф.
Досега се приведени неколку лица. Како што објавува порталот, меѓу осомничените се неколку лица членови на Управниот одбор на „Машино промет“, меѓу кои и претседателот на Советот на општина Центар, Мирослав Шиповиќ.
Од Министерството за внатрешни работи велат дека подоцна ќе дадат детали за акцијата.
Слично
