Економија, финансии, бизнис

Контакт

МВР го демантира Заев, Мијалков спрема тужба!

МВР го демантира Заев, Мијалков спрема тужба!

Откако денес на прес конференција Заев објави како што тврди редица скандали што потврдуваат противуставно и противзаконско работење на Никола Груевски, директорто на УБК Сашо Мијалков и тесна група околу нив, со реакција и демант се јавија од МВР и лично Мијалков.

МВР за денешната конструкција на како што го нарекуваат Заев четвртоосомничениот во аферата „Пуч“ ги потврдува сомненијата дека основната цел на агентурната мрежа и останатите инволвирани во случајот, е рушење на институциите и безбедносниот систем на Република Македонија.

„За да не дозволиме јавноста да биде изманипулирана, сакаме да потенцираме дека тоа што денеска беше објавено претставува донација за опрема, не за следење на комуникации, туку опрема за припадниците на специјалните единици на Министерството за внатрешни работи“, стои во реакцијата на МВР.

Оттаму потенцираат дека се работело за помош која ја добило МВР во висина од 5.557.377 евра.

„Станува збор за над 5.5 милиони евра, туѓи пари, помош за поголема ефикасност на специјалните единици.

За сето ова постои и официјален Договор за донација кој е класифициран со највисок степен како државна тајна“, велат од МВР.

Имун на денешните „бомби“ на Заев не остана и директорот на УБК Сашо Мијалков кој реагираше преку соопштение .

„Зоран Заев денеска изнесе огромен број лаги и конструкции со кои повторно му нанесе огромна штета на Министерството за внатрешни работи како институција, но и мене лично како Директор на Управата за безбедност и контраразузнавање.

За штетата и насилството кон државните институции против него веќе се води истрага во рамки на Оперативната обработка „Пуч“. За клеветите и конструкциите изречени против мене, Зоран Заев ќе добие соодветна пријава“, се вели во реакцијата на Мијалков.

Тој вели дека не станува збор за никаков поткуп или корупција, туку за договарање и следење на процедурите околу донацијата која што ја доби Министерството од пријателски служби.

Министерството за внатрешни јавно се извини до израелското Министерство за одбрана за како што тврдат „денешниот срамен настап на четвртоосомничениот и да изрази уверување дека ставовите на вакви луѓе не се и официјални ставови на Република македонија“:

Слично

Поврзани вести