МВР ДЕМАНТИРА: Обезбедувањето на Груевски не упаднало во ТВ21, легитимирале во кафуле
По вчерашниот инцидент кога обезбедувањето на екс премиерот Никола Груевски упадна во ТВ21 и избриша фотографии кои ги направил новинар на истоимента телевизија додека првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ во прошетка низ улица „Македонија“ во центарот на Скопје, непосредно пред седиштето на телевизијата. денеска се огласија и ги демантираат тврдењата на телевизијата.
„Припадниците од Министерството за внатрешни работи кои се дел од Одделот за обезбедување на поранешниот премиер и претседател на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, во текот на петокот постапуваа согласно планот и задачите, и поради оперативните сознанија кои ги имаат за потенцијални ризици, службените лица легитимирале еден граѓанин кој без да се идентификува започнал да снима, соопшти во саботата Министерството и притоа истакнува дека идентификацијата била извршена во угостителски објект, а не во простории на телевизијата ТВ 21“, стои во демантот на Министерството.
„Без примена на сила тие го замолиле да ги избрише снимките кои ги направил. Според нивниот исказ, тоа се случило во угостителски објект (кафуле), а не во телевизијата како што беше објавено во некои медиуми“, се наведува во писмената изјава од Министерството за внатрешни работи.
Од таму порачуваат дека доколку има каква и да е претставка против полициските службеници кои го извршиле легитимирањето, Одделот за внатрешна контрола при МВР ќе постапува по неа.
