МВР брои рекорди: Расте бројот на издадени барања за азил, мажите доминираат!
Според информациите на МВР во текот на вчерашниот ден се издаден вкупно 1.970 потврди на странски државјани.
Од нив 1273 се од машки , додека 216 се од женски пол.
310 од нив се деца го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 171 деца кои патуваат без родител, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Досега од 9.06.2015 до 01.10.2015 се издадени рекорден број потврди.
108.888 бројот на странски државјани кои побарале азил во земјава, а од нив 72.171 се од машки пол, 14.525 се од женски и 18.335 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата. Бројот на деца кои патуваат без родители а побарале заштита се 3.857 деца.
Податоците покажуваат дека најбројни побарувачи на азил се државјаните на Сирија-81.307, потоа Авганистан-12.482, Ирак-7.195, Пакистан-2.853 Палестина-1.162, Иран-683, Сомалија-670, Бангладеж-657, Конго-371, Нигерија-223, Камерун-178, Еритреја-163, Етиопија-126, Судан-118, додека останатите се во помал број.
