МВР бара волонтери
Министерството за внатрешни работи распиша оглас за аплицирање на кандидати за волонтирање, а сите заинтересирани треба да се пријават во рок од пет дена.
Волонтерската работа ќе се извршува во текот на летниот период - од 15 јуни до 15 септември, без можност за продолжување.
„Ги повикуваме сите заинтересирани кандидати кои сакаат да аплицираат за волонтирање да приложат уредна документација која треба да содржи: потврда за статусот на студентот од високообразовната институција на која што кандидатот студира;мотивационо писмо; кратка биографија со податоци за контакт (телефонски број и адреса на живеење)", стои во јавниот повик.
Се охрабруваат да се пријават сите заинтересирани кандидати, студенти на факултетите од областа на правните, безбедносните, економските и студиите по информатика.
Апликациите се доставуваат во писарницата на МВР за кандидатите за Скопје, како и во Секторите за внатрешни работи - Битола, Велес, Куманово, Тетово, Штип, Струмица и Охрид за кандидатите од овие градови.
Селекцијата на кандидатите ќе се врши од страна на Комисија формирана од министерката за внатрешни работи.
Слично
