Економија, финансии, бизнис

Контакт

МВР апелира, ДУИ со СМС пораки се обидува да ја смири ситуацијата во Чаир

МВР апелира, ДУИ со СМС пораки се обидува да ја смири ситуацијата во Чаир

МВР ги следи социјалните мрежи, каде што се организираа и денешните протести против пресудите во судскиот процес „Монструм“. Притоа полицијата апелира до граѓаните да не дозволат да бидат манипулирани и инволвирани во какви било нарушувања на јавниот ред и мир.

Денешните протести кои ескалираа пред Основниот суд Скопје - 1 завршија со 20 повредени полицајци, неколкумина повредени демонстранти и шестмина приведени.

Полицијата ќе ги анализира и полициските видеа од настанот, по што не се исклучува можноста и од дополнителни пријави.

За прекин на насилството и итно смирување на состојбата денеска апелираше и невладината организација „Цивил“. Од таму ги повикаа и сите политички елити да излезат со заедничка изјава и да преземат итни чекори за смирување на состојбата.

Од партиите засега официјално молк за случувањата на протестите. Но, неофицијално, медиумите на албански јазик јавуваат дека синоќа и денеска претседателот на чаирскиот огранок на ДУИ Бекир Асани, праќал СМС пораки до Албанците во кои советувал да не излегуваат на протести и дека незадоволството од пресудите за Монструм ќе било решено преку институциите.

Слично

Поврзани вести