Економија, финансии, бизнис

Контакт

МВР: Амди Бајрам не бил физички, туку вербално нападнат!

МВР: Амди Бајрам не бил физички, туку вербално нападнат!

Откако вчера некои медиуми објави дека пратеникот Амди Бајрам бил физички нападнат во ГТЦ како што самиот Барјам кажал од обезбедвањето на лидерот на опозицијата Заев , со соопштение се огласи и Министерството за внатрешни работи.

Тие велат дека вчера околу 15,30 часот пријавено е дека на ул.„ Кеј 13 ти Ноември“ пред Управната зграда во ГТЦ на пратеник од Собранието на Р. Македонија, кој бил заедно со уште едно лице, во еден момент им се доближил А.Т.(29) од Струмица, по што истиот започнал вербално да го напаѓа, упатувајќи му навредливи зборови на пратеникот.

„Од страна на полициски службеници од СВР-Скопје излезено е на лице место и разговарано е со лицата. Извршен е преглед во возило „Шкода Октавија“ управувано од А.Т. при што во истото биле пронајдени два ножа на расклопување, една палка на расклопување и еден заштитен елек. Против лицето А.Т. поднесена е пријава за нарушен јавен ред и мир. Од страна на СВР-Скопје до Основното Јавно Обвинителство проследен е предметот на натамошно постапување“, се вели во соопштението на МВР.

Слично

Поврзани вести