Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мустафа: Србија да плати воена оштета на Косово

Мустафа: Србија да плати воена оштета на Косово

Косово ќе бара воена оштета од Србија и отварање на архивите на ЈНА. Ова се дел од барањата кои ги истакна косовскиот премиер Иса Мустафа пред продолжувањето на разговорите меѓу Приштина и Белград.

Исто така ќе се разговара и за исчезнатите лица, пензискиот фонд за граѓаните од Косово и враќање на нивните заштеди од српските банки.

Тој најави дека Приштина од ЕУ ќе бара „Србија да даде точни информации за движењата на лицата, кои и натаму се водат како исчезнати, и за локациите на масовните гробници во Србија“.

Се чека и на официјален одговор на Белград за овие нови барања на Приштина.


Слично

Поврзани вести