Муслиманите го слават Курбан Бајрам – утре е неработен ден
Муслиманите во земјава и во светот денеска го прославуваат големиот празник Курбан Бајрам.
Овој празник уште се нарекува празник на жртвата, затоа што тогаш се принесува жртва – курбан, се карактеризира со тоа што побогатите им помагаат на сиромашните. Принесувањето жртва – курбан, која има симболика на приближување кон Бога. Обичајот го изведуваат сите кои имаат можност за тоа.На првиот ден од празникот се изведува молитвата за Бајрам – намаз, со која верниците бараат милост од Алах. Курбан Бајрам секогаш се паѓа во ист ден според исламскиот календар.
На овој ден се крунисува аџилакот на аџиите кои отишле да се поклонат во Мека.
Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ, 12 септември 2016 година (понеделник), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам е неработен ден за граѓаните од муслиманската вероисповед во Република Македонија.
Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на граѓаните од муслиманската вероисповед во Република Македонија им го честита празникот Курбан Бајрам.
