Економија, финансии, бизнис

Контакт

Муса Џафери демантира дека ќе ја напушти функцијата во Влада

Муса Џафери демантира дека ќе ја напушти функцијата во Влада

Откако дел од медиумите објавија дека Муса Џафери ќе ја напушти вицепремиерската функција во Владата тој со демант ги побива тврдењата.

„Сите членови на ДУИ ќе останата во Владата. Ова се шпекулации кои произлегуваат од медиумите, наведувајќи дека за оваа тема не се разговарало во партијата, и покрај најавените реформи“, изјавил Џафери за плусинфо.

ДУИ најави реформи во партијата па оттука најверојатно произлегуваат и овие шепкулации.

Пред неколку дена се појавија информации дека и Пратеничката Ермира Мехмети ќе замине од редовите на партијата.

Најгледаната албанска телевизија ја соопшти оваа информација пренесувајќи дека Мехмети ќе дејствува како независна пратеничка.

На профилот на Фејсбук пратеничката  побара реформи во ДУИ, критикувајќи ги министрите од нејзината партија.

„Asnje funksion politik nuk eshte i perjetshem, me se paku funksioni i Ministrit!

‪#‎REFORMA‬ tani!“, напишала таа на Фејсбук.

Слично

Поврзани вести